Неверојатно: ПСЖ му дава 120 милиони евра годишно а Мбапе “плука“ по својот клуб!

516

Килијан Мбапе навистина станува неверојатен. Имено тој синоќа по мечот меѓу Франција и Австрија од Лигата на Нации и тоа како се “прослави“ со една своја изјава откако постигна гол и учествуваше во победа на својата селекција од 2:0.

По мечот посочи дека полесно му е да игра за репрезентацијата зошто покрај него во нападот има и класичен напаѓач, дека во ПСЖ од него се бара на неколку позиции и дека тоа му е проблем. Едноставно тој “плукаше“ по клубот кој со се сите бонуси и маркетинг права го плаќа дури 120 милиони евра годишно.

Навистина неверојатно.

ПретходноМакедонија да и покаже на Грузија КОЈ Е КОЈ: Одиме на нова победа!
СледноОфицијални состави: По победа со Миовски, М. Ристовски, Елмас…во нападот!