Нема предавање, одиме да го освоиме Тбилиси по втор пат

116

СПОРТМЕДИА во Тбилиси,

Огнен Дојчиновски

Многу често селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и во своите професионални обраќања, но и во приватните разговори знае да каже. „Никогаш нема лесно, ниту ќе има. Како за нас, така и за другите“….

Тоа е очигледно филозофијата по која што се води нашиот кормилар кој ќе мора истата да ја примени во пракса и денеска од 18:00 часот на Националната Арена во Тбилиси кога Македонија го игра претпоследниот дуел од тековната Лига на Нации против домаќинот Грузија.

„Нема лесно ниту ќе има“ во моментов се подрзбира за нас затоа што во Тбилиси пристигнавме „осакатени“. Без Ристовски, Адеми, Етеми, Костадинов, Николов, Ристевски, се од ред играчи кои заземаа сериозен простор во нашиот национален тим во перидоот кој измина, и затоа што мора да менуваме во од што се вели. Некои други момци денеска ќе истрчаат на теренот „Борис Паичадѕе“, некои други момци ќе мора да извојуваат тешка битка против ривал кој ни е „настрвен“ како ретко кој. Па како и не би бил кога им одземавме Европско првенство на нивен терен. Таа 2020 за нас е златна за нив кобна. Овој исти стадион, „Борис Паичадѕе“ за нив беше трагичен, а за нас таличен.

Сега е време за нова пресметка во која ние повторно ќе се обидеме да излеземе како победници од овој легендарен фубдалски храм за овие простори.

 

Изгледа грандиозно, реновирано, ново, а сепак пребогато со историја. Со фотографии од некои дамнешни времиња, од времиња кога тука заиграл Пеле во шеесеттите  години на минатиот век, па кога пристигнале ведети како Алесандро Дел Пиеро или Зинедин Зидан во деведесеттите. Но нема да видите фотографија од голот на Горан Гранде Пандев од 2020 година. На тоа Грузијците не сакаат да се сетат, но ќе мораат. Денеска од 18:00 часот кога ќе ја слушнат химната на Македонија, ќе се присетат дека тука веќе еднаш беа поразени, а со наша игра, жртва, мотивација и инспиравија до максимум, така ќе биде и вечерва

„Ако ни е потребна мотивација за да се игра за репрезентација, тогаш….“ – изјави вчера Џани Алиоски на официјалната прес конференција. Така е Џани, не е потребна мотивација за да се игра за Македонија. Таа на еден репрезентативец треба да му е вродена, за истата да му биде поттик за да го извади најдоброто од себе, за да и го донесе најдоброто на Македонија.

ПретходноТрајковски трет ден со температура, Дарко Велковски со повреда по вчерашниот тренинг
СледноТренерот на Селтикс суспендиран поради љубовница