На нешто помалку од час и половина пред стартот на натпреварот, познати се официјалните состави на селекциите на Грузија и Македонија.
Нашиот селектор Благоја Милевски, како што е познато се соочува со големи проблеми, па затоа мораше да комбинира со стартните едианесет.
А тие се Димитриевски, Зајков, Мислу, Велковски, Алиоски, Барди, Спировски, Ашковски, М. Ристовски и Миовски.
Токму оној состав кој го најави “Спортмедиа“ пред неколку часови. И уште еднаш само “Спортмедиа“ го погоди точниот старттен состав на нашата репрезентација.