Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб на отварањето на новата сезона во Лигата на шампиони доби отказ од раководството на Челзи. Лондонскиот тим имаше променливи партии и во првите шест гола во Премиер-лигата, а поразот на „Максимир“ само ја прели чашата. На местото на германскиот стручњак седна Потер.
И додека ја чека следната понуда, Тухел би можел да се соочија со депортација во Велика Британија, доколку не прифати понуда од еден од англиските тимови. Тој веќе е без работа, а периодот за престој на Островот луѓето како Тухел е 90 дена.
Оваа ситуација не му одговара на екс-стратегот на „сините“, бидејќи тој се уште живее близу до тренинг центарот, а неговите деца одат во локалното училиште.
Се шпекулираше дека во Баерн би можел да го наследи Нагелсман, кој веќе четири кола не знае за триумф, но и дека би можел да пристигне во Јувентус, на кој му оди многу лошо под команда на Алегри.
Сепак, тие тимови во моментов имаат тренери и не е блиску именувањето на Томас Тухел за шеф на стручниот штаб. И неговите денови во Лондон минуваат…