Грузија е минато, да финишираме како што треба против Бугарија

102

Македонската фудбалска репрезентација вчера во Тбилиси забележа уште еден пораз во тековната Лига на Нации против домашната Грузија со 2:0. Резултатот не соодетствува со она што се случуваше на теренот вчера на националната арена во Тбилиси, но тоа нас малку ни вреди во моментот затоа што се бројат бодовите и постигнатите голови, а не пропуштените шанси. Затоа ние од Грузија си заминуваме со празни раце, и се вртиме кон последниот дуел во оваа кампања. Оној против Бугарија на домашен терен во понедленик со почеток од 20:45 часот.

Со источниот сосед ќе се бориме за тоа конечно второ место во групата кое ќе ни донесе каква таква сатисфакција. Бугарите ни се стари должници од овој циклус кога во Разград ни се извлекоа со ремито 1:1 во дуел во кој тотално доминиравме. Впрочем како и вчера во Тбилиси, но и тоа нас сега малку ни вреди. Затоа, момците на Благоја Милевски ора веднаш да избришат од меморија она што се случи вчера, да се рестартираат и да одиграат на максимално ниво во понеделник. Победа и добра игра ни е и повеќе од потребна во моментов, затоа што поголемиот дел од репрезентативците се од новата генерација и мора да го почувстуваат тој победнички менталитет во националниот тим.

ПретходноУште еден екс-кошаркар на МЗТ Скопје ќе игра во НБА-лига
СледноЗајков: Штета што не успеавме, Грузија не ја заслужи победата!