Бугарија го совлада Гибралтар со 5:1 во Лигата на нациите и со добро расположение го чека мечот со Македонија во Скопје. Капитенот Кирил Десподов оценува дека Македонците ќе го сватат мечот повеќе како политичка пресметка отколку како фудбалски меч.
„ Според мене, во Македонија го сметаат натпреварот како политички дуел отколку како фудбалски натпревар. Мора да се концентрираме и да постигнеме добар резултат. Ова ќе помогне во самодовербата на тимот. Мислам дека самодовербата е прилично здробена, можеби и со право. Секогаш излегуваме да победиме. Тие ќе имаат предност да играат пред домашната публика, но мислам дека ќе се снајдеме добро и ќе ги победиме.
Мислам дека работите ќе дојдат на свое место. Тренерот се грижи за дисциплината. Тој сака да ги следиме тактичките упатства што тој ги дава. Го промени системот на игра, бара побрз фудбал. Работиме 4-5 дена, не можеме да направиме некое фудбалско чудо. Потребно е време и трпение“, рече Десподов.