ЛН: Англија како Сан Марино, нема постигнато гол од игра

111

Фудбалските репрезентации на Англија и Сан Марино се единствените селекции кои немаат постигнато гол од игра во тековното издание на Лигата на нации.

Фудбалерите на Герет Саутгејг досега одиграа 5 натпревари, постигнаа 1 гол и примија дури 7. Англија има 2 бода и е на последното место во групата од „А“ сегментот. Репрезентацијата на Сан Марино досега има 3 натпревари на турнирот без ниту еден постигнат гол, а примени дури 5. Избраниците на Фабрицио Константини се без бодови и се наоѓаат на последната, 3-та позиција во својата група.

Англија забележа уште еден негативен показател откако не успеа да постигне гол на 3 последователни натпревари за првпат од ноември 2000 година. Покрај тоа, островјаните се без победа во пет последователни официјални натпревари за првпат од 1992 година.

ПретходноСтанковски не е веќе директор на Работнички, Милан Илиевски ќе биде нов тренер, Баже Илијоски помошник!
СледноТиери Анри во улога на селектор на Белгија!