Надал по емотивната вечер: Не сум добро, морам да одам во соба да размислам!

174

Рафаел Надал беше најголем ривал на Роџер Федерер. Заедно плачеа по мечот на „Лејвер Купот“ во Лондон. Шпанецот беше емотивен пред новинарите.

„Ми беше голема чест да бидам дел од овој момент. Си заминува голем дел од мојот живот. Возбудливо, незаборавно, тажно. Многу емоции, тешко е да се опише. На крајот, секогаш доаѓа нов почеток. Среќен сум што Роџер успеа после толку тешки моменти, среќен да го дочека овој ден. Заслужи се, тој е икона и еден од најголемите спортисти во историјата. 

Јас сум многу чувствителна личност, не се грижам за плачењето, понекогаш е добро. Мораш да ги пуштиш емоциите, тие се дел од мојот живот“, рече Надал.

Шпанскиот тенисер го коментираше пријателството со Федерер.

„Ми беше важно, бидејќи знам колку му беше важно нему сето ова. Долго време имам близок однос со него. Премногу е фрустрирачки кога си повреден, тој имаше тежок период со голем психолошки напор“, рече Надал, кој откри дека не се чувствува добро по емотивните моменти.

„Не сум добро, нема повеќе да игра на Лејвер Купот. Морам да отидам и да размислам во соба. Имам внатрешен конфликт. Ќе видам како ќе ги минам овие возбудливи моменти.

Оваа година бев близу да се пензионирам. Мислев дека Ролан Гарос ќе биде мојот последен турнир. Имав големи несреќи, плус проблеми во приватниот живот. Не размислувам за пензија. Личниот живот ми е на прво место, сакам да биде се во ред. Сакам мирен личен и професионален живот“, истакна Шпанецот. 

ПретходноНедоприливите Вардар и Алкалоид на мегдан во „Јане Сандански“ во дербито на колото!
СледноВикенд интервју со Арбртим Ќира: Горди сме на успесите на Струга ТЛ, рано е уште да се говори за титулата..