Помалку чудно, но вистинито кога станува збор за дебитантите во еден шампионат како што е Супер-лигата, но Алкалоид по првите три кола успеа да испрати важна слика – со чист македонски производ и млади играчи ќе биде проблем за сите поголеми екипи.
Па така Кирил Лазаров и неговите момци со три победи во исто толку одиграни мечеви, го натераа Вардар 1961 да продава билети за дуелот со нив, а истовремено против актуелниот македонски првак да го играат дербито на едно коло.
Оваа средба е за лидерското место во групата А, двата тима се единствени во Супер-лигата со перфектен скор, па победникот ќе осамне по четврото коло на врвот. Вардар 1961 е фаворит, но Алкалоид ќе се обиде да приреди изненадување.
Како ќе заврши овој дуел останува да видиме денеска на делот, мечот се игра во 18:30 часот, ќе биде директено пренесуван на МРТ.
Саботната програма први ја отвараат Голден Арт и Е.Пелистер 2, ова е натпревар од групата Б. Битолчани во претходно коло му земаа бод на првиот тим, беа близу до целосна сензација.