Охриѓани лесно низ Куманово

50

Вечерва се комплетираше четвртото коло во групата А. Куманово и Охрид го затворија кругот, а како победник од оваа средба излегоа гостите кои славеа со убедливи 22-31. За охриѓани ова беше втора победа сезонава и со исто толку порази се наоѓаат на петото место на табелата.

Овој дуел беше решен уште во првото полувреме по кое гостинските ракометари имаа позитива од 10-16. По одморот без проблем го одржуваа водството кое стана и двоцифрено 15-25, најава дека оваа средба ќе заврши само во еден правец.

Озтурк, Андоноски и Цејовиќ имаа по шест гола кај победникот, во редовите на Куманово, Мрвовиќ имаше осум погодоци.

Лидер на табелата во групата А е Вардар со перфектен скор од четири победи, зад него е Алкалоид со три победи и пораз, исто колку и Бутел Скопје.

ПретходноАксел Лунд Свиндал има канцер
СледноЈуве пријави загуба од над 200 милиони евра