Репрезентативците на Македонија попладнево слетаа на скопскиот аеродром после мечот со Грузија и поразот од 2:0. Во Тбилиси нашите беа подобар ривал на теренот, но домашните ги казнија нашите грешки и си впиша три бода и обезбеди место во плеј-офот во ЛН.
Репрезентативците сега се спремаат за следниот, последен предизвик во групата против Бугарија во понеделник. На првиот меч во Бугарија резултатот беше 1:1, а сега ќе треба да им вратиме во Скопје.