Репрезентацијата на Норвешка направи чекор назад во оваа Лига на Нации откако предмалку на гостински терен загуби кај Словенија 2:1. И покрај фактот што Халанд ги доведе норвежаните во водство во вториот дел, сепак, со головите на Шпорар и Шешко, донаќинот направи пресврт и дојде до првата победа во оваа кампања.
Од друга страна пак, Косово поведе со голот на Муручи на гостувањето кај Северна Ирска, но косоварите примија голови во 82. односно 90. минута преку Вајт односно Меккгинис па загубија со 2:1.