Станковски не е веќе директор на Работнички, Милан Илиевски ќе биде нов тренер, Баже Илијоски помошник!

2114

 

Нови ветришта дуваат во Работнички, барем така неофицијално дознаваме. Првиот човек на клубот Драган Поповски по се изгледа дека се реши за “проветрување“. Па така како што дознаваме Горан Станковски – Гама не е веќе спортски директор на клубот од Градски парк. Функција која ја извршуваше во изминатиот период. Да потсетиме дека Станковски едно време беше и шеф на струката, но во Работнички најмногу се за задржа во директорската фотеља.

Засега Работнички нема да назначи негов наследник.

Но, затоа ќе има промени во стручниот штаб, барем такви се најавите. Имено нов тренер ќе биде Милан Илиевски, а негов прв помошник Баже Илијоски, и двајцата некогашни капитени и дел од тимот кој во периодот од 2013 до 2015 беше најдобар во Македонија, а играше и во плеј-офот во Лигата на Европа.Двајцата беа предводници на екипата која во тие две сезони освои три титули, една во првенството и две во Купот на Македонија, воедно и блескаше во фудбалска Европа.

Начелно било договорено во понеделник и официјално да го преземат тимот и да почнат со работа, ако нешто во меѓувреме не се промени.

Што се однесува до Стојан Игњатов, сегашниот В.Д. тренер, сеуште не се знае дали и во која функција ќе остане во клубот од Градски парк.

ПретходноЗа да не добие тужба од Барселона, Де Јонг до јануари ќе мора да си ја намали платата
СледноЛН: Англија како Сан Марино, нема постигнато гол од игра