Украинците со пет „парчиња“ ја поздравија Ерменија и тоа во Ереван (видео)

75

Репрезентацијата на Украина славеше победа од 5:0 на гостувањето кај Ерменија во рамките на групата 1 од Лигата Б во Лигата на нациите. Со овој триумф Украинците скокнаа на првото место на табелата и имаат 10 бода по пет натпревари, додека второпласираната Шкотска која има 9 бода вечерва ќе игра против третопласираната Ирска. Ерменија е последна со 3 бода.

Тумчук ја доведе Украина во предност со гол во 22 минута, а во второто полувреме гостите постигнаа уште четири гола. Погодуваа Зубков 57. Минута, Довбук во 69 и 84 минута и Игнатенко во 81 минута.

Во последното коло Украина ќе игра со Шкотска во директен дуел за првото место и пласман во повисок ранг и во плеј-офот за место на ЕП 2024.

ПретходноПријателски: Шкендија го совлада Гостивар, Арсими го „растури“ Работнички
СледноДимитријевиќ и Уникс ќе се борат за третото место на ВТБ Суперкупот!