Тенисот нема да биде ист: Ѓоковиќ се расплака додека Федерер играше!

1675

Премногу емоции на едно место. Никој не остана рамнодушен на последниот танц на големиот Роџер Федерер. Швајцарецот кажа збогум на играчката кариера, последниот меч го одигра на „Лејвер Купот“ во Лондон. Тоа го стори во двојки, а за партнер го имаше еден од најголемите ривали Рафаел Надал.

Својата кариера не ја заврши победнички, но тоа најмалку важно кога се работи за една големина како него.

Во „О2“ Арената беше навистина емотивно, едноставно сите плачеа. Говорот на Федерер ги погоди сите, неговата сопруга, родителите, навивачите и соиграчите. Рафаел Надал плачеше со него по мечот, Новак Ѓоковиќ го стори тоа нешто порано, за време на последниот дуел. Самиот факт дека си заминува една голема легенда беше доволен за да Ноле пушти солзи.

Швајцарецот и Србинот имаат одиграно 50 меѓусебни дуели. Ѓоковиќ е поуспешен со 27 победи. Последната пресметка беше во полуфиналето на Австралија опен 2020 година, која му припадна на Ноле.

ПретходноЕмотивен говор на Федерер: Сопругата можеше да ме спречи одамна, мојата мајка е виновна за се!
СледноНиту сопругата на Федерер немаше срце да ги издржи неговите солзи (ВИДЕО)