Роџер Федерер, швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, го одигра последниот меч во кариерата. Тој го одигра во пар со својот најголем ривал Рафаел Надал и се прости со пораз од Џек Сок и Френсис Тиафо на „Лејвер купот“ во Лондон. Овој меч заврши со 4:6, 7:6, 11:9.
Федерер и Надал имаа меч топка во третиот сет, но тоа е далеку помалку важно од фактот дека 20-кратниот освојувач на Гренд слем стави крај на прекрасната кариера. Федерер се воздржа додека даваше интервју на теренот, но се скрши кога ја спомна сопругата Мирослава и се расплака. Додека на видео ѕидот се пушташе филмот за неговата кариера, Федерер не можеше да ги задржи солзите, па дури и Надал пушти солза покрај него.
Rafa Nadal and Roger Federer in tears after Federer’s retirement is the best sports moment you’ll see in some time.
Ultimate respect. 🐐🐐 pic.twitter.com/fUeY8wQSTM
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 23, 2022
Во својата кариера швајцарскиот тенисер освои вкупно 103 турнири во сингл, од кои 20 Гренд слем, 28 Мастерс 1000 турнири и шест финалиња на АТП. По бројот на освоени Грен слем турнири, тој е трет тенисер во историјата, зад Рафаел Надал (22) и Новак Ѓоковиќ (21).