Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан ќе играат за третото место на ВТБ Супер-купот, откако против Мега славеше со 78-69.
Уникс Казан одигра одлично во третата четвртина, ја доби со 23-11 и почна да чекори кон победата. Во овој период најголемата предност изнесуваше 12 поени (59-47). Во овој ритам продолжи на стартот на последната четвртина, но по 68-55, следеше пад во играта. Мега со серија од 8-0 доближи на 68-63. Браун со две тројки ја врати предноста на својот тим и ја осигура победата.
Димитријевиќ постигна девет поени (1/5 за три, 3/10 за два поени), додаде уште седум скока и пет асистенции.