Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска слави роденден. Полни 23 години и во базата на нашиот национален тим му беше приредена мини забава пред вечерата.
Секако, популарниот „Дијамант“ им се обрати на своите репрезентативни колеги со едно големо благодарам и желба сите заедно да слават нови победи и нови успеси во „црвено – жолтиот“ дрес.
„Многу сум среќен што сум тука меѓу вас, и се надевам на уште многу вакви среќни моменти. Секако дека моја желба се успесите на репрезентацијата и пласман на Евтопското првенство во 2024 година“ – рече Елмас.