Зајков: Штета што не успеавме, Грузија не ја заслужи победата!

88

СПОРТМЕДИА во Тбилиси, Огнен Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Грузија се враќа во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски имаа шанси да го сменат текот на дуелот во Тбилиси, но за жал бодовите им припаднаа на домашните фудбалери.

Ѓоко Зајков смета дека противникот на је заслужил победата, бидејќи Македонија доминирала на теренот. Жали што први не го отворија дуелот. Најавува голема битка против Бугарија, за нивна чест, за победа како подарок на сите оние кои ги поддршуваат.

„Честитки до противникот за победата. Според мене не заслужена победа. Македонија доминираше на терен, Грузијците ги искористија своите шанси. Грешките се составен дел, се прават и ќе се прават. Штета што не успеавме да го отвориме први мечот, но со кранти глави одиме во понеделник. Нема да биде проблем психологија, тоа е посебен меч за чест и гордост. Да ги направиме сите гледачи среќни.

Сите млади фудбалери имаат квалитети, за тоа сите сме тука. Квалитетот е тука, само ни треба малку време да се покаже на терен, ние го покажуваме тоа, мислам дека ни фали таа мала среќа на натпреварите“, изјави Зајков. 

ПретходноГрузија е минато, да финишираме како што треба против Бугарија
СледноРистовски: Заслуживме повеќе, бидејќи имаме квалитет!