За да не добие тужба од Барселона, Де Јонг до јануари ќе мора да си ја намали платата

183

Френки де Јонг и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта постигнале договор.

Според информациите од Шпанија, играчот од средниот ред нема да го раскине договорот со каталонскиот клуб, а Барселона нема да го тужи поради прекршување на истиот.

Во август беше објавено дека Барса го информирала Де Јонг за можно прекршување на договорот при обновувањето на неговиот договор во 2020 година. Клубот сакаше да го поништи договорот, а беше објавено и можна судска разврска.

Лапорта и Де Јонг се договориле тој сепак да остане во тимот, но мора да се прилагоди на моменталната ситуација и да ја намали платата најдоцна до јануари.

ПретходноРакометна Македонија во шок: Почина Андон Бошковски
СледноСтанковски не е веќе директор на Работнички, Милан Илиевски ќе биде нов тренер, Баже Илијоски помошник!