Пријателски: Брегалница го победи Пирин и му го „расипа“ јубилејот

231

Екипата на Брегалница го совлада бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград со 0:1 на пријателскиот меч кој се одигра на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград и со кој бугарскиот тим одбележа 100 години од своето формирање.

„Сините“ дојдоа до победата во 74 минута кога Ѓорѓи Ѓорѓиев беше соборен во домашниот шеснаесетник, а судијата досуди пенал. Сигурен реализатор беше Марјан Алтипармаковски.

 

ПретходноДесподов: Македонците го сметаат дуелот со Бугарија како политички дуел
СледноПријателски: Шкендија го совлада Гостивар, Арсими го „растури“ Работнички