Кога трае паузата поради репрезентациите, екипите освен што тренираат играат и пријателски натпревари за да ја одржат формата. Па така денеска се одиграа неколку дуели, а во најинтересниот Шкендија славеше над Гостивар со 1:0. Стрелец на голот беше Влатко Стојановски во 23 минута.
На стадионот во Ѓорче Петров тимот на Македонија ЃП го совлада Вардар со 1:0 со гол на Ѓурѓевиќ.
Академија Пандев е поразена од Детонит Плачковица со 0:1, а стрелец на тој погодок беше Настевски.
Второлигашот Арсими од Чегране дури со 3:0 го победи Работнички. Стрелци на головите се Хузри Џемаили, Албула Имери и Ерион Шуку.