Словенија со пресврт победи, Косово со пресврт загуби (ВИДЕО)

151

Репрезентацијата на Норвешка направи чекор назад во оваа Лига на Нации откако предмалку на гостински терен загуби кај Словенија 2:1. И покрај фактот што Халанд ги доведе норвежаните во водство во вториот дел, сепак, со головите на Шпорар и Шешко, донаќинот направи пресврт и дојде до првата победа во оваа кампања.

Од друга страна пак, Косово поведе со голот на Муручи на гостувањето кај Северна Ирска, но косоварите примија голови во 82. односно 90. минута преку Вајт односно Меккгинис па загубија со 2:1.

ПретходноЖесток отпор и одлична игра на Алкалоид, Вардар се спаси во финишот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАксел Лунд Свиндал има канцер