Српска ракометарка загина во сообраќајна несреќа

457

Во тешка сообраќајна несреќа која што се случи синоќа во Србија, загина 34. ракометарка Марија Павловиќ. Од нејзиниот клуб Темерин ја потрдија информацијата додавајќи дека големата трагедија ги погодува како нив, така и целата спортска јавност во Србија.

Павловиќ во својата долгогодишна кариера настапувала за екипите, на Слога, Јуниор, Петроварадин, Младост Нова Пазова, и тоа секако на позицијата голман.

 

ПретходноЈуве пријави загуба од над 200 милиони евра
СледноЕлмас слави роденден, посака пласман на Евро 2024 година (ВИДЕО)