Уште еден поранешен член на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје ќе игра во најсилното светско клупско натпреварување. По Хасани Гравет кој минатата сезона го носеше дресот на Орландо, договор со НБА тим потпиша и Нуни Омот.
Тој ќе биде дел од Њујорк Никс. Засега нема информации околу деталите за соработката за кошаркарот кој во МЗТ Скопје играше три месеци во сезоната 2019/2020.
.@nyknicks Sign Nuni Omot pic.twitter.com/9Qor0yIXSk
— NY_KnicksPR (@NY_KnicksPR) September 23, 2022