Јувентус тоне во долгови: Загубите за последната година се за 50 милиони поголеми од лани

86

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус забележа рекордни загуби од 254,3 милиони евра за изминатата финансиска година. Информацијата беше објавена на состанокот на бордот на директори во петокот вечерта.

Јувентус бележи загуби веќе петта година по ред, сега за 44,4 милиони повеќе отколку во 2020-2021 година. Клубот смета дека зголемувањето на загубите главно се должи на намалените приходи од телевизиските и медиумските права поради помалку настапи и натпревари во Лигата на шампионите.

Гигантот од Торино беше елиминиран од шпански Виљареал во првото коло од елиминациите во ЛШ минатата сезона.

ПретходноЏордан ќе го продаде Шарлот Хорнетс?
СледноРепрезентативците слетаа во Скопје, мислите насочени кон мечот со Бугарија