Јуве пријави загуба од над 200 милиони евра

77

Тимот на Јувентус официјално го објави финансискиот извештај за минатата 2020/2021 сезона. Веднаш паѓаат во очи загубите кои клубот ги забележа во периодот 1 јули 2021 година – 30 јуни 2022 година. Тие се во износ од 254,3 милиони евра, што е рекорд за клуб во историјата на италијанскиот фудбал.

Ова е зголемување од речиси 45 милиони евра во споредба со загубите од сезоната 2020/21, кога тие изнесуваа вкупно 209,9 милиони евра. За гигантот  од Торино ова е петта последователна финансиска година во која е „во минус“. Во 2017/18 година загубите биле 19 милиони евра, во 2018/19 се искачиле на 40 милиони, а во 2019/20 година сумата е 90 милиони, но треба да се земе предвид и факторот КОВИД-19, кој најмногу ги оштетил приходите од продадени билети за натпреварите на „Старата дама“. Сепак, има и една добра вест – токму во приходите од стадионот има зголемување од 8 милиони евра на 32 милиони, иако рекордот останува од 2018/19 година кога нивната вредност беше 74 милиони евра.

Ова е уште еден показател дека италијанскиот фудбал има сериозен проблем, особено по пандемијата и мора да се справува со сериозни финансиски потешкотии.

 

ПретходноОхриѓани лесно низ Куманово
СледноСрпска ракометарка загина во сообраќајна несреќа