Јунајтед размислува да се откаже од Де Геа и да донесе друг голман

283

Во Манчестер Јунајтед размислуваат дали да го сменат првиот чувар на мрежата Давид де Геа. Според „Телеграф“ клубот е во дилема дали да го обнови договорот со него кој му истекува на крајот на оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ имаат право да ја активираат клаузулата за продолжување на соработката до 2024 година, но проблем е високата плата на Шпанецот -околу 350.000 фунти неделно.
Де Геа веќе 11 години е на „Олд Трафорд“, а наскоро ќе наполни 32 години.
Ако Јунајте одлучи да се ослободи од Де Геа тогаш меѓу стативите веројатно ќе го донесе англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд од Евертон.

ПретходноМегваер: Ме критикуваат, a тоа е затоа што сум капитен на Манчестер Јунајтед
СледноПрилеп со први бодови, Тиквеш фуриозно низ Скопје