Ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер без поголеми проблеми славеа во првиот меч од 4. Коло во ракометната Суперлига. Попладнево на гостувањето во Скопје против екипата на Голден Арт, битолчани запишаа втора победа сезонава, откако славеа над Голден арт со 28:20 (17:10).
Атанасијевиќ со осум гола беше најефикасен во битолскиот состав, а одлично издание имаше и Кукуловски кој застана на 5 реализации.