Жесток отпор и одлична игра на Алкалоид, Вардар се спаси во финишот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

284

Дуелот на непоразените меѓу Вардар 1961 и Алкалоид со право беше прогласен за дерби на колото. Одлична ракометна пресметка, пред бројни навивачи гледавме вечерва во СЦ “Јане Сандански“, а победата ја зеде поискусниот Вардар, славеше со 28-25.

Избраниците на Кирил Лазаров со право се едно од најголемото изненадување на стартот на сезоната и покрај тоа што играат само со македонски играчи. Првакот имаше голем проблем на оваа средба, победата ја обезбеди во последните три минути, и тоа благодарение на неискуството на Алкалоид.

Манасков имаше осум гола, два помалку запиша Талески, Томовски имаше 11 интеревнеции, три од седум метри. Стојковиќ имаше шест, Серафимов пет, Трајковски запипа 13 одбрани.

Гостите поведоа со 2-3 во петата минута, но Вардар на крилата на Томовски набрзина направи серија од 4-0 и поведе со 6-3 во 12 минута, истата предност ја имаше и на средината на првото полувреме (7-4). Иако се чинеше дека Вардар ќе фати ритам, Стојковиќ со два гола и Серафимов со еден погодок израмнија на 7-7. Нешто подоцна Манасков зголеми на 12-9, но одличниот Трајковски го подигна својот тим, со серија од 4-0, Алкалоид на полувремето замина со минимална предност од 12-13.

Изедначената битка продолжи и во второто полувреме, Томовски влезе во ритам, па Алкалоид наместо да води, во 43 минута, имаше негатива од три гола (19-16). Симоновски го прекина налетот, но Манасков и Талески зголемија на 21-17.

Лазаров повика тајм-аут, по што неговиот тим се врати на голема врата, го врати водството, 21-22 беше во 49 минута. На другата страна Вардар влезе во криза, Стоилов го прекина молкот. Остана да лежи на подот, падна незгодно на раката.

Во последните десет минути, Алкалоид отвори со два гола, Серафимов и Стојковиќ реализираа за 22-24, а имаше и 23-25. Во 53 минута, Омерагиќ доби исклучување, неговиот тим не реализираше. Првакот го искористи неискуството на противникот, кој направи неколку грешки меѓу кои и промашен седмерец. Со серија од 5-0 поведе со 28-25.

Вардар ја запиша четвратата победа, на другата страна Алкалоид првиот пораз.

Во истиот термин во групата А, Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Вардар Неготино, на гости славеше со 20-27.

ПретходноРусите одиграа натпревар по речиси една година, следен пртивник БиХ
СледноСловенија со пресврт победи, Косово со пресврт загуби (ВИДЕО)