Френки де Јонг и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта постигнале договор.
Според информациите од Шпанија, играчот од средниот ред нема да го раскине договорот со каталонскиот клуб, а Барселона нема да го тужи поради прекршување на истиот.
Во август беше објавено дека Барса го информирала Де Јонг за можно прекршување на договорот при обновувањето на неговиот договор во 2020 година. Клубот сакаше да го поништи договорот, а беше објавено и можна судска разврска.
Лапорта и Де Јонг се договориле тој сепак да остане во тимот, но мора да се прилагоди на моменталната ситуација и да ја намали платата најдоцна до јануари.