Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер зборуваше за критиките кои постојано ги добива и според него, тоа е така затоа што е капитен на великанот од „Олд Трафорд“. Фудбалерот беше во стартниот тим на Англија во поразот од Италија со 0:1 во меч од Лигата на нациите.
„Не ми е грижа што велат луѓето. Ме критикуваат, но тоа е затоа што сум капитен на Манчестер Јунајтед. Мислат дека ако напишат статија за мене тоа ќе биде читано или ќе собере кликови или нешто слично“, изјави Мегваер по мечот.