Репрезентацијата на Србија на крилата на Александар Митровиќ кој постигна три гола во триумфот од 4:1 обезбеди на домашен терен вечерва екстра триумф против селекцијата на Шведска.
Домаќинот играше без публика, односно на трибините се наоѓаа 10.000 дечиња кои УЕФА дозволи да присуствуваат, па со нивна поддршка го совладаа и победија во целост слабиот противник вечерва. Шведска поведе со 0:1, преку асистенцијата на Кулушевски и голот на Клаесон, но тоа беше се од нивна страна. Потоа стапи на сцена Митровиќ кој постигна три гола во серија, два до полувреме, а голеадата ја заокружи Лукиќ. Србија со оваа победа е втора на табелата, а во вторник ќе патува за Норвешка каде што и е потребна исклучиво победа за да бидат први во групата.
Швајцарија направи мини сензација со победата над Шпанија на гости од 1:2 со головите на Аканџи и Емболо, па го освои шестиот бод во пет меча. Португалија пак на гостински терен славеше кај Чешка со 0:4 и има десет бодови по 5 кола.
Израел пак од друга страна ја совлада Албанија со 2:1, иако албанците во 88. минута имаа 1:1. Сепак, Барибо погоди во последната регуларна минута, за осум бода од четири меча за Израелците.
Шкотска преку головите на Кристи и Хенри исто така извојува победа на домашен терен против Ирска за прво место во групата 1 и освоени 12. бода.