Недоприливите Вардар и Алкалоид на мегдан во „Јане Сандански“ во дербито на колото!

160

Помалку чудно, но вистинито кога станува збор за дебитантите во еден шампионат како што е Супер-лигата, но Алкалоид по првите три кола успеа да испрати важна слика – со чист македонски производ и млади играчи ќе биде проблем за сите поголеми екипи.

Па така Кирил Лазаров и неговите момци со три победи во исто толку одиграни мечеви, го натераа Вардар 1961 да продава билети за дуелот со нив, а истовремено против актуелниот македонски првак да го играат дербито на едно коло.

Оваа средба е за лидерското место во групата А, двата тима се единствени во Супер-лигата со перфектен скор, па победникот ќе осамне по четврото коло на врвот. Вардар 1961 е фаворит, но Алкалоид ќе се обиде да приреди изненадување.

Како ќе заврши овој дуел останува да видиме денеска на делот, мечот се игра во 18:30 часот, ќе биде директено пренесуван на МРТ.

Саботната програма први ја отвараат Голден Арт и Е.Пелистер 2, ова е натпревар од групата Б. Битолчани во претходно коло му земаа бод на првиот тим, беа близу до целосна сензација.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 4
24.09.2022 – САБОТА
12:30 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
17:00 часот РК СТРУГА – РК ПРИЛЕП
17:30 часот РК СКОПЈЕ 2020 – ГРК ТИКВЕШ 2014
18:30 часот РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ 3
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
19:00 часот МРК КУМАНОВО – ГРК ОХРИД
25.09.2022 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК РАДОВИШ
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ЈУНИОР К.В

 

ПретходноМарк Маркез после три години до пол-позиција!
СледноНадал по емотивната вечер: Не сум добро, морам да одам во соба да размислам!