Македонските ракометни клубови со објави на социјалните мрежи во неверување се простуваат со Андон Бошковски, кој утрово ненадејно почина во 47-година од животот. Човекот кој како тренерско име работеше во бројни македонски клубови и во стручниот штаб на нашата сениорска репрезентација, остави длабока трага во македонскиот ракомет. Клубовите ќе се сеќаваат на него и неговиот влог во развојот на македонскиот ракомет.