Ристовски: Заслуживме повеќе, бидејќи имаме квалитет!

89

СПОРТМЕДИА во Тбилиси, Огнен Дојчиновски

Поразот од 2-0 во Тбилиси во претпоследниот квалификациски меч во Лигата на Нации ги погоди нашите фудбалери. Грузија не беше толку добра колку што фудбалерите не ги искористија шансите да освојат најмалку бод.

Грешките од Скопје се пресликаа и на гостински терен, вака на кратко, Милан Ристовски го опиша поразот од Грузија.

„Повторно изгубивме на свои грешки, слично како на тој натпревар во Скопје. Во прашање е психолошки момент, пад на концентрација. Штета, заслуживме повеќе, имаме квалитет.

Не ни останува ништо друго, освен да се одмориме и да направиме анализа каде погрешивме. Фаворите нема, тоа се покажува на секој меч. Се надевам дека ќе се подигнеме и ќе бидеме подготвени за Бугарија“, изјави Ристовски. 

Следен противник, последен од овој циклус е Бугарија, мечот се игра во понеделник на Арената „Тодор Проески“.

ПретходноЗајков: Штета што не успеавме, Грузија не ја заслужи победата!
СледноМарк Маркез после три години до пол-позиција!