Русите одиграа натпревар по речиси една година, следен пртивник БиХ

504

Фудбалската репрезентација на Русија по речиси една година го одигра првиот натпревар, а во пријателски меч го совладаа Киргистан со резулат 2:1. Киргистан го отвори резултатот со гол на Шукуров во 23 минута, а шест минути подоцна Соболев од белата точка изедначи на 1:1.
Во второто полувреме се играше на средината на теренот и кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, Русија со голот на Уткин во 87 минута стигна до пресврт и победа.

Тоа беше нивни прв меч после ноември 2021 година кога изгубија од Хрватска во меч од квалификациите за СП. Потоа оваа држава изрши инвација на Украина, поради што УЕФА и ФИФА ги исфрлија од сите натпреварувања.

Русите сега играа пријателски натпревари, меѓутоа многу репрезентации не сакаат да играат со нив. На 16 ноември требаше да играат со Иран во Техеран или Доха, но од ФС на Иран го откажаа мечот поради „поинакви планови на подготовки“.

Па така Русија на 19 ноември треба да игра против Босна и Херцеговина во Санкт Петербург. Во БиХ се поделени мислењата дали да се одигра овој меч или не. Од ФС на БиХ соопштија дека конечен став за мечот против Русија ќе биде познат по седницата на ИО кој ќе се одржи на 10 октомври.

ПретходноСаутгејт на удар на јавноста по поразот од Италија: Tимот ја изгуби креативноста и нема мотив…
СледноЖесток отпор и одлична игра на Алкалоид, Вардар се спаси во финишот (ФОТОГАЛЕРИЈА)