Тиери Анри еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, сега ќе има поинаква улога. Легендарниот репрезентативец ќе постане селектор на Белгија и ќе мора да го води тимот на дуелот против Холандија во Лигата на Нации.
Првиот тренер Роберто Мартинез направи неспортски потег против Велс и заработи цврен картон, тој нема право да ја води Белгија, па токму затоа селекторската улога му припадна на Анри.
Тој минатата година се врати во улогата на помошен тренер во репрезентацијата, дојде да му помогне на Мартинез и ќе бидел дел од тимот на Светското првенство во Катар.
Анри од активното играње се повлече во 2014 година, се впушти во тренерските води, па сега останува да видиме како ќе се снајде како селектор.
Мечот меѓу Холандија и Белгија се игра во недела.