Кака, легендарниот бразилски фудбалер, денеска во Берлин ќе учествува на својот прв маратон.
“Отсекогаш сум сакал да вежбам, добро е што продолжив да го прават тоа веднаш по завршувањето на професионалната кариера. Искрено, немам цел. Затоа решив да трчам”, изјави 40-годишниот Кака во интервју за „Марка“.
Бразилецот ја заврши кариерата во 2017 година, во текот на која играше за Сао Паоло, Милан, Реал Мадрид и Орландо од МЛС. Златната топка, наградата за најдобар играч на светот ја доби во 2007 година, додека за бразилската репрезентација одигра 92 натпревари и постигна 29 гола.
Кака играше за Реал Мадрид од 2009 до 2013 година, но никогаш не играше толку добро како во Милан. Направи 120 настапи и постигна 29 гола и асистираше на 39.
„Можеби звучи чудно, но мојот омилен момент е кога ми беше потврдено дека заминувам затоа што разговарав со претседателот Флорентино Перез. Тој ми кажа дека сум голем професионалец, кој сака да направи се за да постигне резултат со Реал, но повредите и малата минутажа која тренерот ми ја даваше не го дозволи тоа.
Ми беше задоволство да го слушнам тоа, чувствував дека вратата на клубот е секогаш отворена за мене. Затоа никогаш нема да ме слушнете да кажам нешто лошо за Реал Мадрид или Жозе Мурињо“, објасни Кака.