Кошаркарите на Реал Мадрид ј апочнаа новата сезона во Шпанија со трофеј. Тие вечерва во вистинска кошаркарска драма славеа по продолженија во финалето на шпанскиот Суперкуп победувајќи ја Барселона со 89:83.
Одлична средба која донесе многу пресврти, но на крајот им припадна на „кралевите“ кои го освоија својот петти последователен шпански Суперкуп.
Тавареш со 24 поени и 12 скока беше извонреден кај Реал, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени.
Во поразениот тим Сертач Шанли постигна 21 поен, Никола Калиниќ имаше осум со седум скока.