Флод Мејведер ја доби егзибициска борба во главниот настан на Супер Ризин кој се одржа синоќа во Саитама супер арената во Јапонија, уште во втората рунда го нокаутира ММА борецот Микуру Асакакура.
Носен од големата поддршка од толпата во Саитама, јапонскиот борец тргна напред. Флојд мудро го чекаше и потоа на секунда пред крајот на втората рунда со удар со десната рака феноменално го испрати противникот на подот. Аскакура не можеше да стане по броењето на судијата Кени Бејлес.
Така, Мејведер повторно на прилично лесен начин дојде до нова голема исплата. Наводно за овој меч земал од 15 до 20 милиони долари, но веројатно очекувал нешто полесен меч бидејќи на спротивната страна имало ММА борец.
みっくんかっこよかったよ!
ゆっくり体休めてね。#朝倉未来#Mayweather#RIZIN https://t.co/JS1yWvX8ny— ルーちゃん (@kikuchanmm) September 25, 2022