Барди: Утре да покажеме дека резултатот од Тбилиси не е вистинската слика

100

Еден од најдобрите македонски играчи Енис Барди даде свое видување за претстојниот натпревар со Бугарија во Скопје во последното коло од групната фаза во Лигата на нациите.
Утре ќе се потрудиме да ги исправиме работите (од мечот во Тбилиси) и со една позитивна мисла да ја постигнеме целта, а тоа е да победиме. Мора да сме стрпливи, млади сме се уште не сме доволно запознаени. Треба да ги поддржиме помладите.

Ристовски и Миовски даваат голови во клубовите, само прашање на време е кога ќе почнат да го прават тоа и во репрезентацијата. Нашата цел е Европското првенство и мислам дека имаме голема шанса да го направиме тоа во периодот кој следува“.

ПретходноМилевски: Повикувам на фер однесување, да ја оставиме политиката на страна
СледноЕ. Пелистер и Пролет како на тренинг до нови победи