Лигата на нациите се кошмар за клубовите. Често пати се повредуваат фудбалерите, па клубовите не можат да сметаат на нив. Јирген Клоп пред извесно време за ЛН кажа дека ова е едно од најглупавите идеи во фудбалот.
Во септемвриските натпреварите од ЛН најмногу ќе настрада Барселона. Петмина фудбалери се повредија и ќе паузираат меѓу еден и два месеци. Жулс Кунде ја повреди тетивата па ќе паузира меѓу 3 и 4 недели и под прашалник е за „Ел Класико“ закажано за 16 октомври. Тој ќе ги пропушти двата меча со Интер во ЛШ.
Роналд Араухо играјќи за Уругвај се повреди на мечот со Иран. Тој е потешко повреден и нема да заигра дури до јануари што значи дека ќе го пропушти и Светското првенство.
Осман Дембеле повторно е повреден. Тој одигра 14 минути против Австрија, се пожали на болки во мускулите. Тој тренираше самостојно но е под знак прашалник за наредниот меч.
Мемфис Депај и Френки Де Јонг се повредија настапувајќи за Холандија на мечот со Полска. Тој ќе паузира еден месец поради повреда на колкот и ќе го пропушти „Ел Класико“. Де Јонг го напушти националниот тим и се врати во Барселона каде што ќе го продолжи лекувањето на мускул на ногата.
Во октомври Барселона ја чекаат 9 натпревари, а потоа повторно се враќаат репрезентациите на сцена – Мундијалот во Катар.