Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ сè уште не ги закачил копачките, но веќе ја почна кариерата како актер. Тој се појавува во новиот филм за Астерикс и Обеликс.
Врз основа на класичниот француски цртан филм, новиот филм под наслов „Asterix and Obelix: L’Empire du milieu“ ќе биде објавен во февруари 2023 година.
Ибра го сподели трејлерот на социјалните мрежи и потврди дека ќе глуми римски војник наречен Антивирус.
Soon. Vive la France #asterixetobelixlempiredumilieu pic.twitter.com/FIu00f899G
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 25, 2022