Кениецот Кипчоге го урна светскиот рекорд на маратонот во Берлин!

69

Елиуд Кипчоге, маратонецот од Кенија денеска во Берлин се запиша во историјата. Имено тој го урна сопствениот рекорд во маратонско трчање откако низ улиците на Берлин патеката од 42 км и 195 метри за 2 часа, една минута и 9 секунди, што е подбро од цели 30 секунди од претходниот свој најдобар резултат.

Кипчоге уште на почетокот на трката во Берлин им стави до знаење на конкурентите дека нема што да бараат денеска. Па така успеа во свој стил да стигне до целта со рекордно време.

На второто место се пласира Марк Корир а трет беше Таду Абате.

ПретходноБугарите најавуваат: Одиме на задолжителна победа против Македонија!
СледноЕнрике: Ова е најлошото полувреме откако сум селектор