Кузмановски со првенец, Хановер пропушти сензација против Кил

104

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и Хановер беа блиску до сензација против Кил. На домашен терен го имаа мечот во раце, водеа со плус четири, но застанаа. Кризата ја казнија “зебрите”, со серија од 5-1 дојдоа до победа од 29-27. Кузмановски влезе во игра и за првпат сезонава се запиша во листата на стрелци, постигна еден гол од два обиди. Јохансон со осум и Винчек со пет гола беа најефикасни кај Кил. За Хановер ова беше втор пораз, со три победи е на деветото место на табелата во Бундес-лигата.

ПретходноОфицијално: Работнички му се заблагодари на Гама Станковски!
СледноФФМ: Бидете поддршка за Македонија на утрешниот меч против Бугарија!