НФЛ натпреварот во Минхен распродаден за само 45 минути

127

Мечот од НФЛ шампионатот кој ќе се одигра на 13 ноември во Минхен, Германија, помеѓу екипите на Тампа Беј и Сиетл е распродаден за само 45 минути. Овој планетарно популарен спорт се игра главно во САД, а се останато е на ниво на аматеризам, па затоа и не е чудо што кога ќе се случи да еден меч биде организиран во Европа, или пак на некој трет континент нормално е билетите да се продадат веднаш.

„Добивме побарувања за околу три милиони билети. Можевме да наполниме 40 стадиони да имавме можност. Во секоја секунда на оннлине продажбата имаше во просек по 80.000 купувачи. Од компанијата која што ги продаваше билетите на интернет, ни рекоа дека таков интерес за еден меч не е виден досега.Во Германија интересот е огромен и од Баерн како клуб имавме огромна поддршка да организираме онака како што сакаме. Ќе има и натпревар во Франкфурт, а во преговори сме и со други земји“ – изјави Брет Госпер, чефот во НФЛ за Европа.

ПретходноСкандалозно: Американски тенисер не сакаше да се поздрави со Новак! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Работнички му се заблагодари на Гама Станковски!