Ете, и тоа го има. Имено премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како што пишува “Ла Република“, понудил 8 милиони евра со цел мечот од Суперкупот на Италија, меѓу Интер и Милан, да се игра во неговото село. Селото се вика Фелцсут, а таму има нова Арена со капацитет од 4.000 гледачи. Иако во селото живеат само 2.000 жители.
Фелцсут е околу 35 км одалечено од Будимпешта.
И покрај се оваа имало интерес оваа понуда да се прифати од страна на надлежните во Фудбалскиот сојуз на Италија, но сепак ќе се одбие на барање на челните луѓе во Серија А и тоа поради политички причини.
Се знае и зошто, токму поради самиот Виктор Орбан.