Вчерашните најави денеска и официјално се остварија. Како што предмалку потврдија од страна на Работнички, Милан Илиевски е нов тренер, односно нов шеф на стручниот штаб на тимот од Градски парк, додека негов помошник ќе биде Баже Илијоски.
Тие од утре ја преземаат екипата и ќе почнат со работа. Покрај нив двајца, во стручниот штаб ќе бидат и Тодор Терзиев и Филип Ивановски кој ќе работи со голманите.
Илиевски и Илијоски се некогашни фудбалери на Работнички, дел од златната генерација на тимот која од 2013 до 2015 просто “дрмаше“ со мак – фудбалот, а играше и во плеј – офот во Лигата на Европа.
Инаку и двајцата досега имаат работено како асистенти во стручниот штаб на тимот пред извесно време.
Значи Илиевски и Илијоски и официјално се вратија каде што им е местото, во Работнички.