Српската фудбалска репрезентација на домашен терен ја совлада Шведска со 4-1 и остана во игра за пласман во елитниот дел во Лигата на Нации. Оваа селекција во последното коло гостува во Осло, каде ги чека ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
По завршување на дуелот со Шведска, предводникот Драган Пикси Стојковиќ бепе запрашан како ќе го сопрат Халанд.
„Што ме прашувате мене? Па јас не играм. Да играв ќе ви одговрев, затоа ќе мора да ги прашате играчите. Против него мораш да бидеш максимално фокусиран. Квалитетите на Халанд се неверојатни, ќе сториме се за да го сопреме. Се надевам дека ќе најдеме начин како да го неутрализираме“, рече Пикси па продолжи.
„Мене не ми е тешко да водам ваков тим. Игравме одлично и ја покажавме нашата филозофија на игра, иако губевме со 1-0. Ова е фудблот што го сакам да го гледам во напата репрезентација. Против Норвешка нема да менуваме многу, ако се подобри нека не победат“.